Доста со овој Миленко – казната за таквите „Миленковци„ е заборав!

од Vladimir Zorba

Време е да престанеме со овој Миленко. Ниту ја претставува Македонија ниту е репрезентативен за Македонците.

image_5786759_126

Филипинскиот претседател го нарече Обама копиле, да така ги преведувам неговите зборови, но никој не го покани на американските телевизии да ги објаснува своите истапи.

Божидар Димитров има неколку искази за Македонците, со кои дури го надминува Миленко.

Волен Сидеров направи циркус пред џамија, кој некалку пати беше по спектакуларно од Миленко. Нели не сметаме дека тоа сме ние и дека ова го претставува Бугарија?

Да го охрабруваме со внимание и слични дејствија и зборови, е штетно. Уште србоманска, провокација не го заслужува нашето внимание. Казната за таквите „Миленковци„ е заборав, не реакција.
Тие токму тоа им е цел – скандал, внимание, ескалација на реакциите. Да не играме по свирката на пропагандата.

Да ја отвориме границата, да пуштиме децата на Македонија во нашите универзитети, да дадеме слободни претплати за бугарските изданија, да ги субвенционираме бугарските телевизии за дистрибуција на нивните оператори, да го олесниме бизнисот меѓу двете држави – тоа е потребно.
Тогаш Миленко и неговите „кукли„ ќе останат сами во паркот Дизниленд на плоштадот во Скопје. Главниот град треба да се погрижи за покраината, како во северозападниот, така и во југозапад.
Со два збора – направете нешто за Враца и Скопје и Миленко ќе исчезне како ОМО “Илинден”, не е комплицирано.

Инаку споменици има, ќе ставиме и уште. Леб треба, и едукација со култура. Нека ја пуштиме пругата до Скопје, Миленко не може да ги извади шините. Нека им дадеме пасоши, а на Миленко не може да му потрае државјанството.

Нека испратиме книги, Миленко нема како да ги избрише Вазов и Вапцаров. Со Македонија ни е потребна врска. Тие сакаат да се посебен народ и го имаат тоа право. Не треба да ги правиме Бугари, а и не можеме.

Кои сакаат сами стануваат. Силната, развиена култура и економија привлекуваат повеќе отколку пламтењето по телевизорот. Интеграцијата е политика, не доктрина.

(Од Фејсбук)
Емил Кошлуков

извор 24chasa.bg

Слични содржини