Во текот на денот ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Умерено облачно без врнежи ќе биде во делови од централна и југоисточна Македонија.

дозд

Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени.

Во Скопје  ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 20 степени.

Утре ќе има делумна стабилизација на времето, бидејќи во северозападните и североисточните предели постојат услови за локални врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 25 степени.

Сабота и недела Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност од Медитеранот која ќе донесе пообилни врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во сабота попладне и во текот на ноќта сабота кон недела кога локално се очекуваат да наврнат од 30 до 50 литри дожд проследени со засилен ветер. Максималните температури ќе се движат од 10 до 21 степен.

Слични содржини