Иако лошото време нè прави депресивни понекогаш и ја зголемува желбата да останеме во кревет, една нова студија покажа дека мрачната прогноза носи предност за продуктивноста.
Со други зборови благодарение на лошото време за вашите успеси. Заедничка студија на универзитетите Харвард и Северна Каролина, открива дека лошото време ги прави луѓето попродуктивни.
Зошто е тоа така? Бидејќи само кога времето е лошо немаме каде да одиме и нема што да ни го дефокусирс умот од најважните задачи.
Тоа е затоа што кога времето надвор е убаво, тоа ни нуди бројни можности. Во добри временски услови останувањето на затворена е подепресивна опција отколку излегувањето од канцеларијата.
Според научниците огромно влијание има и тоа дека при лошо време исчезнува чувството дека испуштате нешто пријатно надвор, бидејќи сте затрупани со работни обврски.