Утре (вторник, 3 февруари) во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат соопштени добитниците на наградите „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга, „Стале Попов“, за најдобра прозна книга, „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.

дмп

Одлуките за наградите ќе ги соопштат претседателите на жири комисиите, а на средбата ќе бидат присутни и добитниците на признанијата.

За доделување на годишните награди на ДПМ  решаваа пет жири комисии составени од истакнати критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Вера Чејковска, Трајче Кацаров, Гордана Михаилова Бошнакоска, Блаже Минески, Иван Чаповски, Илија Велев, Мирјана Стојановска, Владимир Мартиновски, Александар Поповски, Виолета Танчева Златева, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Ресул Шабани и Мишел Павловски.

Наградите на ДПМ се доделуваат за најуспешните остварувања   од издавачката продукција во 2014 година. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 13 феврураи, на Свечениот собир по повод 68-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.

 

Слични содржини