Драгич МВП на Евробаскет 2017

од Vladimir Zorba

 Најзаслужниот за шампионскиот трофеј на Словенија, Горан Драгич го доби признанието за најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство 2017.

Драгич беше јунакот во словенечкиот национален тим на синоќешното финале во Истанбул со 35 постигнати поени. Тој на Евробаскетот во просек бележеше 22.6 поени, 4.4 скока и 5.1 асистенција.

Новиот европски шампион Словенија во идеалната петорка на првенството покрај Драгич го има и Лука Дончич кој поради повреда ги пропушти последните 15 минути од финалето со Србија.

Идеална петорка на ЕП 2017: Горан Драгич (Словенија), Лука Дончич (Словенија), Богдан Богдановиќ (Србија), Алексеј Швед (Русија) и Пау Гасол (Шпанија).

Слични содржини