Драматичен развој на кризата во Каталонија – Мадрид започна процедура за повлекување на автономијата

од desk4

Нов драматичен развој на кризата во Каталонија. Шпанија го направи првиот чекор кон заземање на автономијата на покраината. Владата во Мадрид се закани дека Каталонија ќе изгуби голем број на самоуправни права.

Во моментов регионот има:

– свој парламент и влада
– сопствена полиција
– право да испрати само половина од даночните пари во Мадрид

Дали е можно, наместо да стекнат независност, Каталонците го загубат и сето ова?

За разлика од Каталоните кои го одложиа прогласувањето независност и побараа преговори, Мадрид зазеде цврст став.

И по вонредната седница на Владата побара од лидерот на автономијата официјално објаснување што всушност беше најавено во Барселона во вторникот. Барањето е првиот чекор по уставот за укинување на автономијата на една од окрузите во Шпанија.

Што е со независноста на Каталонија?

“Ако господинот Пучдемон покаже волја да го почитува законот и да поврати нормалната работа на институциите, ќе имаме крај на периодот на нестабилност”, изјави премиерот на Шпанија Маријано Рахој.

За да биде одземена автономијата на Каталонија, владата треба да е незадоволна од официјалниот одговор на локалните власти и да побара од Сенатот да им го одземе правото на самоуправа.

Така на потег повторно се Каталонците, кои треба да проценат дали Мадрид блефира или навистина ќе го активира член 155, кој предвидува одземање на автономијата.

Вчера, окружниот лидер даде сигнали дека е подготвен за отстапки и преговори.

Прво тој прогласи независност, на радоста на илјадници кои се собраа на плоштадите. И секунди подоцна ги разочара приврзаниците на независноста со веста дека извршувањето на решението се одлага.

Опозицијата, како во шпанскиот, така и во каталонски парламент, повторно гиповика двајцата лидери, Рахој и Пучдемон, да преговараат.

Слични содржини