Дрејк го истетовирал Дензел Вашингтон на телото

од Vladimir Zorba

Американскиот рапер Дрејк ја покажа новата тетоважа, на која е прикажан актерот Дензел Вашингтон во улога на Блијк Гилиам од романтичната комедија 90-те “Мојот најдобар блуз”. Сликата на новиот цртеж беше објавена и од омилениот раперски тату артист Инал Берсеков, кој стои зад нејзиното создавање.

Фановите на Дрејк ја поздравија веста со иронична насмевка, бидејќи сите очекуваа тој навистина да го исцрта лицето на Селин Дион, како што вети. Тие го потсетија дека во мај оваа година, Дрејк ја пронајде Селин Дион на црвениот тепих на Билборд музичките награди и ѝ рече дека нејзиното лице ќе го разубави своето тело за една година.

“За мене ова е страшно, ти си легендарна. Те сакаме. Следната година ќе го тетовирам твоето лице“ рече хитмејкерот пред доделувањето на одликувањата во Лас Вегас.

 

Слични содржини