Кошаркарската репрезентација на САД оствари убедлива победа над Аргентина со 37 поени разлика, во првиот контролен натпревар кој е дел од подготовките за претстојната Олимпијада во Рио, со што уште еднап потврдија дека со право се нарекуваат „дрим тим“.images (29)

На средбата одиграна во Лас Вегас, тимот предводен од селекторот Кшижевски ја совлада Аргентина со 111-74 (32-14,24-19,24-24,31-17), со то само потврди дека и со овој состав во кој ги нема Леброн Џејмс, Стеф Кари и Расел Вестбрук, се сериозни во намерата да не дозволат изненадување во Рио.

Кевин Дурант со 23 поени беше најефикасен во редовите на американската селекција за која Пол Џорџ постигна 18, Кармело Ентони имаше 17 поени и седум скока, додека Демаркус Казинс заврши со дабл-дабл учинок од 14 поени и 15 скока.

Кај Аргентинците, најефикасен беше Андрес Ночиони со 15 поени, додека додека ветеранот Ману Џинобили заврши со 11 поени.

Слични содржини