Дрон фати застрашувачки снимки по огнената апокалипса во Португалија

од desk3

Португалските  медиуми ги објавија снимките снимени со дрон над најпогодените од шумски пожари области во земјата.  Над 1.000 пожарникари ја продолжуваат битката со стихијата. Денес се очекува да пристигнат противпожарни авиони од Франција и Италија во рамките на програмата за соработка на ЕУ.

Температурите од над 40 степени Целзиусови, силните ветрови и сувата шума во местото каде не е врнело со  недели, помагнаа за ширењето на пожарите. Во Португалија е прогласена тридневна национална жалост за 62 загинати во саботата. Повеќето жртви се изгорени во своите автомобили, обидувајќи се да избегаат од огнот, кој беснееше блиску до гратчето Педрогау Гранде, на околу 150 километри од Лисабон, објави “Труд”.

Слични содржини