Дрво падна врз автомобил пред поликлиниката „Идадија“

од Vladimir Zorba

Големо зимзелено дрво, поради тежината на снегот, се откорнало и паднало врз автомобил паркиран пред поликлиниката „Идадија“, при што се прекршило и предизвикало одредена материјална штета.

Автомобилот е речиси целосно прекриен од гранките на дрвото и не може да се види колкава штета му е нанесена при ударот.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ за „Мета“ рекоа дека екипа веќе е тргната за да го отстрани дрвото.

Слични содржини