Стотици луѓе протестираа во Анкара заради двојниот терористички напад во саботата, при што загинаа 97 лица, а стотици други се повредени.

20151012.csownksmll

Денешната поворка премина антивладини демонстрации. Демонстрантите ги обвинија властите дека не се преземени мерки за заштита на учесниците на митингот, како и дека Владата стои зад нападот. Луѓето скандираат: “Државата е убиец, кој ќе одговара”.

Протест беше организиран и во студентскиот град во Анкара.

Претходно турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека истрагата на нападот е фокусирана на “Исламска држава”. Тој најави дека полицијата е близу до идентификацијата на еден од бомбашите – самоубијци и додаде дека се врши ДНК експертизи.

Давутоглу го оцени нападот како обид да се влијае на исходот на изборите на 1 ноември.

Слични содржини