Државна ревизија забележала неправилности и загуби во спортскиот центар „Борис Трајковски“

од Vladimir Zorba

Загуби во работењето, неправилности при изградбата на дел од објектите кои се составен дел од комплексот и недоследности во пописот забележала државната ревизија на изградбата и на менаџирањето на спортско-рекретивниот центар „Борис Трајковски“, пишува во опширната анализа на „Порталб“.

Ревизијата констатирала дека во период од 2006 до 2015 година, „Борис Трајковски“ секоја година има загуба во своето работење, а вкупната загуба изнесува речиси 4,2 милиони евра, кои ги покрива Владата.

На крајот од 2015 година, спортскиот центар само на доставувачите за изградба на аква-паркот им должел 2,7 милион евра, а за изградба на спортската сала долговите изнесуваат 4,2 милиони евра.

Против друштвото се водат осум судски постапки – за долг, за надомест на штета и работен спор.

Констатирани се сомнителни и спорни побарувања за поголем број должници за кои не се дадени податоци за поднесени тужби.

Според наодите на ревизорот, при пописот на градежните објекти не е утврдено дали кај градежните објекти имало оштетувања, дополнителни вложувања, адаптација или реконструкција. Во исто време, пописната комисија за парични средства не извршила попис на дневниот промет евидентиран преку преодна сметка.

Со ревизорскиот извештај опфатени се и објекти кои се дел од спортско-рекреативниот комплекс. Така, кај дел од нив констатирани се недоследности и додека се граделе и за време на работењето./META

Слични содржини