На иницијатива на Министерството за надворешни работи, во сабота, во просториите на Клуб на пратеници во Скопје, ќе се одржи координативен состанок.

На средбата на претставниците на државно-политичкиот врв ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи личниот претставник на Генералниот секретар на ОН г-динот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.

На состанокот, предвиден да започне во 18 часот, ќе учествуваат: претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија  Зоран Заев, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Слични содржини