Со вечерашното обраќање до јавноста, Ѓорге Иванов, дополнително ја усложнува политичката криза во Македонија, направи длабока поделба помеѓу граѓаните и партиите, се стави во фунција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го  нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која над 65% од граѓаните ја подржуваат.

demokratski-sojuz

Во изминатите месеци стабилноста на државата ниту одвнатре, ниту од надвор не била загрозена, ниту пак имало потреба за средување на внатрешните состојби да ја ангажираме армијата. Напротив и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестиира против Ѓорге Иванов, против урнисување на Уставниот поредок и владење на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија.

Тие што протестираат се гарант за силна, унитарна и демократска Република Македонија.

По овој катастрофален  и срамен говор, единствена опција е да се повлечете од функција, за да се создадат услови за избор на претседател  на сите граѓани и татко на нацијата.

 

Слични содржини