Демократскиот сојуз смета дека Ѓорге Иванов нема кредибилитет и меѓународен углед и натаму да биде Претседател на Република Македонија.

Расправата во Парламентот за одговорноста на Ѓорге Иванов, поради одлуката за аболиција на 56 лица, покажа дека мнозинството во Парламентот не ги респектираат правните аргументи и по секоја цена го подржуваат Ѓорге Иванов.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

Праксата покажа дека досега тројца претседатели (Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов) ја злоупотребија Уставната можност за аболиција, без било какви последици и одговорност.

Ваквата состојба ја наметнува потребата од редукција на правото на Претседателот да има можност да помилува и запира постапка за лица за кои има основани сомненија за криминал, како и неговата одговорност доколку ја злоупотреби функцијата.

Во оваа насока неопходни се уставни промени, вклучително и начинот на избор на Претседателот, наместо на општи избори да го бира Парламентот.

Инаку по завршување на мандатот поранешниот Претседател ужива привилегии кои не се резултат на неговата позиција и одговорност во државата. Така тој има кабинет, персонал, обезбедување, возач и буџет од 120,000 евра, а ништо значајно не работи. Вакви привилегии нема ниту поранешниот Претседател на САД, каде е претседателски систем.

Затоа предлагаме поранешниот Претседател освен платата да има свој кабинет (канцеларија) во Парламентот и при протоколарни активности возач, а обезбедување доколку му е загрозена личната безбедност.

Доколку од расправата во Парламентот би се извлекле овие две клучни поенти би било сосема доволно во насока на системски промени за јакнење на одговорноста и важење на законите за сите граѓани.

Слични содржини