Демократскиот сојуз на Павле Трајанов попладнево во Собранието  достави предлог-закон за амнестија, кој не се однесува на повеќе категроии осудени лица.Од друга страна падна во вода предлог-законот за амнестија поднесен од 10.069 избирачи кој предвидува целосно ослободување на 40 проценти правосилно осудени лица за кривични дела кои се пропишани според Кривичниот Законик, денеска не доби поддршка од пратениците во Собранието на Република Македонија.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

Така, според  предлог законот за амнестија на ДС, сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор до три месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б став 2 од Кривичниот законик, потполно се ослободуваат од извршувањето на казната. Осудените лица сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од три до шест месеци, сторители на кривичните дела криумчарење на мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, кои делото го сториле како дел од група, банда или друго здружение (член 418-в),  се ослободуваат за 50 отсто од неиздржаниот дел на казната.

Амнестијата не се однесува на лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор повеќе од десет години или со доживотен затвор, како и за осудените за убиство и квалифицирано убиство, за кривични дела против човечноста и меѓународното право, за кривични дела против државата, за определени кривични дела против половата слобода и половиот морал (силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, обљуба со злоупотреба на положбата, посредување во вршење проституција, детска проституција, прикажување на порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на дете кое не наполнило и родосквернавење).

„Првиот закон за амнестија датира од 1991 и со него биле опфатени осудените лица кои се наоѓале на издржување на затворска казна, како и оние кои сѐ уште не биле упатени на издржување на казната. Законот се протегал на 907 осудени лица од кои 234 лица биле повратници. Порестриктивен од повеќе аспекти е Законот за амнестија од 1999 година. Не смеат да се заобиколат и статистичките индикатори за вкупниот број на лица осудени на казна затвор – 2462 затвореници, како и лошата слика со која се карактеризираат казнено-поправните установи во Република Македонија, како пренатрупаноста, недоследно спроведената класификација на осудениците, непостоењето доволно капацитети и стручни кадри за постапување со осудените лица во спроведувањето на методите на третман и високите финансиски издатоци што паѓаат на товар на државниот буџет“, нагласува пратеникот Трајанов.

 

Слични содржини