Демократскиот сојуз предупредува дека со затворањето на границите од страна на Унгарија, Хрватска, Словенија, Бугарија и другите држави можно е бегалците од Сирија да „заглават“ во Македонија, а нивниот зголемен број може да предизвика хуманитарни и безбедносни проблеми.

images (13)Демократскиот сојуз ги повикува државните институции активностите околу прифатот и транзитот на бегалците да ги усогласат со Европската унија, посебно со соседните држави и земјите членки на ЕУ. Дневниот прифат на бегалци треба да биде согласно нашите капацитети за да не се доведеме во ситуација повторно да бидеме предмет на критика поради лошо справување со бегалци или принудени да градиме кампови надвор од потенцијалите  со коишто располага Република Македонија.

Слични содржини