Актуелно
Почетна / Актуелно / ДС: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира Македонија

ДС: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите да се конституира Парламентот, потоа изборот на претседател и потпретседатели на Парламентот, да се спроведат кадровски промени во Јавното обвинителство и да се реформира судскиот систем, вршат класична блокада на реформите и блокада на реализација на програмите на партиите од парламентарното мнозинство.

„Овие блокади значат и кочење на евроатланските процеси и спроведување на заклучните согледувања на Прибе, за реформи во тајните служби, медиумите и правосудството“, се вели во соопштението.

Според нив, определбата на опозицијата и преку неприфаќање на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, имплементацијата на Уставните решенија за користење на албанскиот јазик и најавата за блокада за надминување на спорот наметнат од Грција, се нивна изборна платформа за градоначалници и советници.
„Кадровските промени се клучни за имплементација на програмата на Владата и затоа треба истите да се реализираат во најкраток можен период“ се вели во соопштението на Демократски Сојуз.