Само до пред два дена партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА потпишаа договор за создавање услови за одржување на парламентарни избори на 11 декември оваа година.

sobranie pratenicki prasanja,pavle trajanov so skrsteni race vo sobranie

ДС имаше резерви околу договорот, посебно за неговата имплементација. Со вечерашните опструкции и гласањето против промените во Изборниот законик од страна на ДУИ, во суштина почнаа дворските игри за пролонгирање на изборите. Ваквите опструкции се поради падот на рејтингот на владејачките партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), на кои не им одговараат брзи избори.

Граѓаните бараат брзи избори, за да се случат промени, да се воспостави владеење на правото и да се расчисти со креаторите на кризата.

ДС очекува под притисок на јавноста, да започне имплементација на договорените обврски за одговорност на тие што ги кочат реформите и промените.

Слични содржини