Кабинетот на Претседателот на Демократската Унија за Интеграција известува дека по неколку недели интензивни разговори, четирите најголеми политички партии во Македонија успеаја да ги надминат преостанатите тешкотии од договорот на 2 јуни и протоколот на 15 јули овозможувајќи затворање на отворените прашања.
DUI1
Лидерите на ДУИ, ДПА, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се согласија дека Изборниот Законик, Законот за Владата, Законот за спречување на злоупотреба на прислушувањето како и Законот за свикачи да се надминат заедно во пакет на истата седница на Собранието на Република Македонија. Лидерите истотака заклучија детали околу Анкетната Комисија за прислушување.
Истотака се потврди нашето барање предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април 2016 година и да нема одложување на изборите, додека претходно заврши комплетирањето на тимот на Специјалниот Обвинител.
На состанокот се согласија предложените имиња од СДСМ за Министер за Внатрешни Работи, Оливер Спасовски, и Министер за Труд и Социјална политика Фросина Ременски како и имињата на Замениците-Министри за Земјоделство, Финансии и Јавна Администрација и Информатичкo Општество, Љупчо Николовски, Александар Кирачовски и Кире Наумов.
Албанските позиции во извршната власт останаа недопрени, додека според договорот, промени, контрола и меѓусебна поделба на власта ќе има само меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради судири и недоверба меѓу двете македонски партии, кој доведоа до подлабока политичка криза во земјата.
Заклучокот на овие прашања значи продолжување на структурните реформи во согласност со препораките на ЕУ, враќање на политичката стабилност и безбедност во земјата како и претставува гаранција за одвивање на слободни и фер избори. Сите овие моќно ја враќаат земјата кон Евроатланската интеграција која претставува апсолутен приоритет за нашите граѓани.
Друга карактеристика на овие преговори, од Законот за Специјалното Обвинителство до Изборниот Законик, е проширувањето на полето на користење на двојното мнозинство (Бадентер) и промоција на принципот на воспоставување консензус како и анализа за спроведување на Охридскиот Договор во соработка со ОБСЕ и Европскиот Институт за Мир.
Лидерот Ахмети истакна дека овој договор нема победници, но ниту губитници додавајќи дека затворањето на отворените прашања претставува добар развој и за државата и за народот, пишува во соопштението од ДУИ.

Слични содржини