НА вчерашното гнерално собрание на партијата ДУИ излезе со заклучоци на партијата кои треба да придонесат кон излезот од кризата, според кои  ДУИ не го менува концептот„ни риба ни девојка“ па се обидува да кокетира со сите колку за да ја задоволи формата. Па така тие се и за извештајот на Прибе ама и за ХАН, па и за партнерство со медиумите , и за специјалното обвинителство кое требало се  да сработи , и секако и за Охридскиот рамковен неизбежно, ама и за избори на 24 Април, а и списокот да се среди и во тоа да помогнат граѓаните !? Еве ги интегрално сите заклучоци донесени на синоќешната седница на партијата :

foto

Заклучоци усвоени од состанокот на Генералниот совет на ДУИ, одржана на 30 јануари, 2016:

Генералниот совет на Демократската Унија за Интеграција смета дека продолжувањето на дијалогот меѓу политичките партии со меѓународно посредување за целосно спроведување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Скопје остварен од 2 јуни 2015 година и дополнет на 15 јули 2015 година е неопходен и без алтернатива.

Генералниот совет на Демократската Унија за Интеграција проценува дека главните столбови на Договорот од Скопје, значително се спроведуваат.

Апелираме до сите политички партии во земјата да се однесуваат одговорно во периодот што следи, така што во најкраток рок да се затворат и преостанатите отворени прашања кои произлегуваат од Доворот во Скопје за да се овозможи сигурни, фер и демократски избори, во согласност со очекувањата на меѓународната заедница

Демократската Унија за Интеграција останува целосно посветена на континуираното спроведување на Акцискиот план кој ги вклучува итните препораки на Европската комисија, препораките на Прибе, препораките на Високиот пристапен дијалог, кој е дел и од анализата на спроведувањето на Охридскиот мировен договор.

Придонесот за една сигурна и позитивна атмосфера е неопходна за организирање слободни и фер избори на 24 април 2016 што треба да резултира со создавање на стабилна и доследна Влада за да има можност меѓу другото да се соочи со Евроатлантските интеграции, спорот со името, меѓусоседските и меѓуетничките односи, отчекувањата и препораките на Европската Комисија, на самитот на НАТО во јули и бегалската криза на Блискиот Исток.

ДУИ ќе се ангажира со сите свои капацитети, да на сите учесници на избори им овозможи еднаква и фер конкуренција, и гарантира максимална посветеност за да обезбеди на секој граѓанин и субјект остварување на избирачкото право.

Генералниот совет на Демократската Унија за Интеграција бара од надлежните институции надлежни за владеење на правото итно да ги преземе сите мерки за да се расветли докрај случајот “Фабрика за афери” и ги изведат пред органите на правдата нарачателите и извршителите на измислени клевети и фабрикувани афери.

Генералниот Совет на Демократската Унија за Интеграција апелира до сите членови на партијата и до сите граѓани да не подлегнуваат на навредите кои ја контаминираат јавноста и ги повикува во периодот кој следи да бидат по внимателни кон ваквите навреди и монтирањата кои имаат за цел да ги оцрнуваат личностите на ДУИ и внесуваат поделби помеѓу членството на партијата

Генералниот совет на Демократската Унија за Интеграција бара ДИК во најкус можен рок да ги формира сите изборни структури на сите нивоа и да ја подготви платформата и стратегијата за избори.

Генералниот Совет на Демократската Унија за Интеграција бара од ДИК до донесувањето на одлука на Раководството на Генералниот Совет за учество во предвремените избори да подготват предлози – изборна програма, врз основа на програмата одобрена во Конгресот III и резолуцијата усвоена на Тематскиот конгрес со барањата на граѓаните, и истите да ги достават на разгледување и одобрување од страна на Раководството на Генералниот Совет на Демократската Унија за Интеграција.

Генералниот совет на Демократската унија за интеграција бара од сите структури на ДУИ, активно да се вклучат во изборните штабови за отчетност пред граѓаните, за напредокот на процесите поврзани со изборите и да не ги злоупотребуваат државните ресурси за цели на изборната кампања.

Демократската Унија за Интеграција ги повикува сите нејзини структури и граѓани да бидат дел од подготовката на изборната програма, преку размена на идеи и предлози со Централниот изборен штаб или преку директен контакт со најблиската структура.

Демократската Унија за Интеграција им гарантира на граѓаните дека ќе продолжи да биде нивниот глас, како и артикулирање и реализирање на нивните побарувања во институциите на државата, секогаш ставајќи ги општите интереси пред партиските.

Демократската Унија за Интеграција ги повикува сите политички субјекти да се заложат за една цивилизирана и примерна изборна кампања и да се воздржат од говор на омраза, клевета и поттикнување на меѓупартиската нетрпеливост.

Демократската Унија за Интеграција ги повикува опозиционите партии и како и новите албански партии да се унифицираат така што нема да придонесат за поделба на албанските гласови и со тоа повторно да предизвикаат губење на албанските мандати во составот на новиот парламент Собранието на Република Македонија

Демократската Унија за Интеграција нуди партнерство за медиумите во напорите за реформа во медиумската сфера и ги поканува да придонесат во креирањето на еднакви услови за сите субјекти во изборната кампања.

Демократската Унија за Интеграција ја поддржува работата на Државната изборна комисија, и се залага да придонесе кон имплементација на методологијата за прочистување на избирачкиот список и за напредокот на изборниот процес.

 Демократската Унија за Интеграција, исто така, ги повикува граѓаните да се вклучат во прочистување на избирачкиот список и да придонесе за непречено одржување на изборите потенцирајќи на евентуални нерегуларности

Демократската Унија за Интеграција ја поддржува непристрасната и транспарентната работа на Канцеларијата на специјалниот обвинител во согласност со законските овластувања и изразува очекување дека ова обвинителство ќе ги превземе во своите овластувања спорните и чувствителните меѓуетнички случаи.

 

Слични содржини