ДУИ ги разгледува добиените материјали од СДСМ

од desk2

ДУИ ги разгледува доставените материјали од страна на СДСМ кои се однесуваат на поставените услови од партијата на Ахмети за преговори со Заев. Извори од ДУИ за Алсат М денеска открија дека истите материјали ќе им бидат доставени и на другите албански партии, Беса и Алијансата за Албанците и потоа на СДСМ ќе му се врати материјалот со оценките на ДУИ.

„ДУИ смета дека оваа одлука е важна и затоа и затоа суштински и опширно ја разгледуваме секоја можност, секој предност и секоја последица што може да ја има нашата определба.“ – соопштуваат од ДУИ

Од Алијансата за Албанците потврдуваат дека ги очекуваат материјалите за да ги разгледаат за време на средбата на работната група составена од потпретседателите и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, што требаше да се одржи во попладневните часови.

Од ДУИ велат дека средби се очекува да има и со раководството на Беса и ДПА, но од Движењето Беса велат дека досега не ги добиле материјалите и оти ДУИ не ги поканила на средба. Сепак, од партијата на Биљал Касами остануваат на ставот дека ќе го поддржат СДСМ само за да добие мандат. Меѓутоа бараат рокови кога ќе се спроведат точките од договорот, како и владин кабинет во кој нема да има лица вмешани во постапките кои ги води Специјалното обвинителство. Алсат дознава дека нацртот поднесен од страна на СДСМ минатиот викенд, се однесува на решавање на статусот на албанскиот јазик, но деталите остануваат тајна за јавноста. Мендух Тачи од ДПА за телевизијата Арт изјави дека на албанските партии им треба координација со посредство на меѓународната заедница која би го условила македонскиот блок со исполнување нивните реални барања. Тој изјави дека на Албанците им треба консензуална одлука и да не се фаворизира ниту еден од македонските лидери.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини