ДУИ би добил МВР, првото место во Собранието и закон за албанскиот јазик

од desk2

Неофицијално, ДУИ во договорот со ВМРО-ДПМНЕ се испазарила за шест министерски места и две заменички министерски места, информира а1он.

ДУИ ги добива МВР, Министерствата за транспорт, за локална самоуправа, за здравство. ДУИ го добива и местото претседател на Собранието, како и закон за употреба на албанскиот јазик на сите нивоа во администрацијата.

ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му ветува и пет државни секретари.

СЈО, кое беше еден од условите веќе не е важен за ДУИ, доколку се одлучи за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе помине со ветување дека и тоа ќе се реши подоцна со договор. Кон ваквата влада ќе пристапи и партијата ДПА./извор а1он

Слични содржини