dui

„Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, соопштија од ДУИ за „Мета“ како реакција на вечерашното обраќање на Ѓорге Иванов, во кое тој за кризата во земјата ги обвини опозицијата, ДУИ, СЈО, НВО и странските посредници.

Според ДУИ, со денешната изјава Иванов покажал дека ги брани интересите само на ВМРО-ДПМНЕ, а не на граѓаните.

„Неговата последна изјава ги потврдува нашите аргументи дека Иванов го брани интересите на само на партијата на која ѝ припаѓа и дека не го претставува интересите на сите граѓани, а најмалку на втората мнозинска заедница, Албанците. Лидерот Ахмети и ДУИ ја вратија Македонија од бездната и затоа Иванов, но и лидерите на македонските партии треба да бидат благодарни што не дозволивме земјата да стане заложник на нивните незрели конфронтирања за власт“, велат од партијата.

Единствен ризик кој ѝ се заканува на Македонија, според ДУИ, се политичарите кои целат кон власта, а не кон државата, без да избираат начини и средства.

Слични содржини