ДУИ и Алијансата за Албанците на конвенција ќе ги претстават кандидатите за локалните избори

од desk2

Демократската унија за интеграција денеска (16:00) на конвенција во хотелот „Александар Палас во Скопје, ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и за советници за претстојните локални избори.

На конвенцијата, како што е најавено, ќе се обрати лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Од ДУИ истакнуваат дека нивните кандидати се со личен и семеен кредибилитет, со отчетност и со јасни визии за доброто на општините каде ќе се натпреваруваат на локалните избори.

– Демократската унија за интеграција на Локалните избори 2017 се натпреварува со вредности постигнати со текот на годините и истовремено е посветена на почитување на меѓународните стандарди, придонесувајќи за демократски, слободен и фер изборен процес, наведуваат од Централен изборен штаб на ДУИ.

И Алијансата за Албанците вечер (19:30) во Отворениот театар во Гостивар ќе одржи промотивна конвенција за претстоните локални избори.

На конвенцијата ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници и за советници, како и изборната програма 2017 – 2021, информираат од Алијансата за Албанците.

Слични содржини