ДУИ не попушта за јазикот

од desk2

ДУИ не попушта за јазикот- бара СДСМ целосно да го прифати нивниот предлог, информира Телма.

Денеска портпаролот на партијата Бујар Османи испрати известување дека не биле точни информациите кои се појавиле во јавноста дека предлог законот на ДУИ за јазикот излегува од рамките на уставот. Сакам да истакнам дека ниеден член од предлог законот не излегува од рамките на уставот и како таков не е почетна позиција за преговори туку воопшто не е предмет на преговори. Тој може да се надополни, но не може да се стесни ниту во една негова буква, наведува,Османи.

Партијата БЕСА како една од потписничките на платформата во која е дно од барањата е и употребата на албанскиот јазик за Телма изјавија дека не сакаат да го коментираат последниот став на ДУИ, бидејќи сметаат дека партијата на Ахмети никој не може да ја земе за сериозно и дека истите работи ги прават со години.
БЕСА вечерва ќе одржи претседателство на кое ќе заземат официјален став и за последната изјава од ДУИ и околу прашањето за формирање тело кое треба да напише предлог закон за јазиците, што произлезе како заклучок од вчерашната средна на ДУИ и Алијансата.

Слични содржини