Избори на 5 јуни или во редовниот термин, во 2018 година. Со ваков предлог Демократската унија за интеграција настапила деновиве во разговорите на различни нивоа со претставници на политичките партии потписнички на договорот од Пржино, посочува Телма.

arben_ademi

Според неофицијалните информации од политичките кругови, ваквиот предлог лидерот на ДУИ Али Ахмети го формулирал откако секоја од партиите имала услови кои реално, од други партии не би биле прифатени. Ахмети, според тие информации, предложил враќање на старата влада, но под услов да се укине аболицијата, да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, пречистување и ажурирање на Избирачкиот список, а периодот од нецели две години да се искористи за целосно спроведување на реформите набележани во извештите на Прибе и на Европската комисија кои значат департизација на институциите и одвојување на партијата од државата. ДУИ наводно е подготвена и за компромис, кој би значел одложување на изборите за напролет, кога би се одржале заедно со редовните локални избори.

Вицепремиерот за европски интеграции Арбен Адеми на директното прашање за ваквите предлози на ДУИ, кусо одговара:

-За следните чекори на ДУИ треба да го прашањето лидерот Али Ахмети, тој ги има одговорите.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини