ДУИ утре со одлука дали ќе влезе во Влада или ќе поддржи малцинска Влада

од desk2

Демократската унија за интеграција утре ќе се изјасни дали ќе влезе во Влада со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија или ќе поддржи малцинска Влада.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во петокот најави дека сериозно се размислува неговата партија да биде опозиција, но да поддржи малцинска Влада, а потоа истото го кажа и портпаролот Бујар Османи, според кого опозиција би значело доказ на сите дека во ДУИ нема криминал.

-Ќе продолжиме со внатрепартиските преговори викендов, во понеделник ќе има конечна одлука, рече Османи во петокот./а1он

Слични содржини