Сите кандидати на ДУИ на едно место

од desk3

Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори на 15 октомври. За градоначалничка на Тетово, повторно ќе се кандидира  Теута Арифи , а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

За втор мандат ќе се кандидираат и градоначалниците на Дебар, Ружди Лата како и за Кичево, Фатмир Дехари. Кандидат за градоначалник на Струга ќе биде Рамиз Мерко, а за Сарај Блерим Беџети. За Чаир кандидат е универзитетскиот професор Висар Ганиу. За Битола, Охрид и Гази Баба, ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.

Слични содржини