Членовите на ДИК од СДСМ Игор Милев и Виолета Дума ја напуштија седницата на која се дебатираше  колку од спорните 310 000 гласачи теренски ќе се проверуваат.

download (76)

Членовите на ДИК во моментов се заглавени на точката околу гласачите што се иселени од земјава, а ги има на Избирачкиот список и имаат можност да гласаат и од дијаспората.

ДИК нема да биде исполнувач на желби на ниту една партија, на ниту една институција, вели Бедредин Ибраими од ДПА, член на Државната изборна комисија.

Иако извештајот се усвои сè уште нема точни бројки за бројот на гласачи кои ќе бидат теренски проверени. Неофицијално,се говори за бројка од околу 70.000 гласачи.

Дополнително ќе се проверуват и 25.000 лица но не теренски туку преку управата за водење матични книги.

Според ова, се покажа како невистинит првичниот неофицијален Извештај во кој се споменуваа бројки до 500 илјади спорни гласачи.

Слични содржини