Дури 94 отсто од жените во Холивуд сексуално се злоставувани

од desk2

Истражувањето покажало дека дури 94 отсто од жените вработени во американската филмска индустрија доживеале сексуално вознемирување или напад, пренесе “The Guardian”.

Во анкетата учествувале речиси 850 испитанички вработени во разни гранки на филмската индустрија, вклучително и режисерки и актерки, од кои повеќето доживеале сексуално злоставување.

Тоа се движи од сексуални коментари, покжаување голи делови од телото, до присилување на секс.

Жените рекле и дека често биле присилувани да се разголат за аудиција, без да бидат претходно предупредени.

Дури секоја четврта жена пријавила вакви инциденти, а само 28 отсто од нив смета дека ситуацијата се подобрила.

Слични содржини