Дутерте повторно болно ја боцка САД

од Vladimir Zorba

 

 

 

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, ја започна официјалната посета на Русија. Иако дипломатските врски се воспоставени пред 41 година, Москва не беше меѓу најважните партнери на Манила. Но ситуацијата се смени. Посетата на лидерот на островската држава го симболизира неговиот стремеж да го следи курсот независен од неговиот традиционален сојузник – Вашингтон. Освен тоа, Филипини не сакаат да биодат вовлечени во американско-кинеското сопреништво.

Филипинскиот лидер изјави во интервју за руски новинари дека во односите со САД е е во ред. А претседателот на САД, Доналд Трамп, е негов пријател. Но претходно, Дуерте го нарече Барак Обама, претходниот шеф на американската влада, со такви зборови што е просто незгодно да ги повториме во печатот.

САД избраа да не регираат и да ги оправдаат тие зборови со ексцентричниот карактер на филипинскиот лидер. Но всушност скандалот има политички подтекст. Американците го обвинија Дутерте за крушење на човековите права во од него објавената војна против наркобизнисот. Според информации на ОН; биле убиени над шест илјади луѓе.

Трамп истакнуваше дека не зака да ја поврзува политиката со човековите права. Покрај тоа, двајца сенатори поднесоа предлог закон со кој се ограничува извозот на оружје за филипинската полиција заради вонсудски убиства во таа земја. САД, поранешната метропола која имаше целосна власт над Филипините, досега беа монополисти вго испораките на оружје за рахипелагот.

Дутерте се подготвува да го сруши тој монопол. Министерот за одбрана, Делфион Лорензана, мината седмица потпиша писмо за намери со кинеска државна компанија производител на оружје. Се очекува сличен договор да биде потпишан и со Русија. Русија го продава своето оружје без да поставува услови. САД се друго прашање. Тие поставуваат услови: „Но јас немам намера да коленичам“, рече претседателот.

Како што соопшти Франс прес, меѓу приоритетите на посетата на Русија е да бидат договорени испораки на управувани авионски бомби, неопходни за борба против исламистите на југот на Филипини. Претседателот објасни дека армијата располага со „умни бомби“, но тие не се толку прецизни.

Пресвртот во политиката на Манила доаѓа во момент кога Кина сепоупорно ја предизвикува моќта на САД во Тихиот Океан. Кина го шири своето присуство во Јужнокинеското Море и практично претендира на целиот акваториум.

Без оглед на тоа што претензите на Кина опфаќаат и област која Филипини ја сметаат за нивна, Дутерте одлучил да ја преириентира својата политика. Според претседателот, Манила зазела курс кон „одделување од САД“.

– Ќе заминам за Русија, ќе збрувам со Путин и ќе му кажам дека против целиот свет стоиме само ние трите – Кина, Филипините и Русија. Тоа е единствениот пат, изјави тој во Пекинг.

Како го прифатиле тоа тврдење Кинезите, не се знае. Но тоа не беше единственото откровение адресирано кон надворешниот свет. Според Дутерте, во разговорот со него претседателот на Кина, Си Џинпинг, му рекол дека ако Филипини започнат истражувања за нафта во Јужнокинеското Море, може да започне војна.

Се наметна по тој повод филипинскиот министер за надворешни работи да дава објаснувања за медиумите. Тој рече дека преговорите во Пекинг биле пријателски, неоптоварени со никакви закани. Порја тоа, според информации од весникот Манила тајмс, Кина и ветила на Филипни заеми и инвестиции во висина од 24 милијарди долари.

Русија нормално нема сили да се мери со Кина. Да не спомнуваме што руско-филипинската трговска размена на стоки, според податоци од Манила, минатата година достигнала едвај 226 милиони долари. Западни медиуми пишуваа дека примајќи гостин од езготичната држава, Москва ќе стави уште една точка во пропагандната војна со САД.

Со тоа мислење категорично не се согласува Дмитри Мосјаков, шеф на Центарот за Југоисточна Азија во Институтот за ориенталистика при Руската академија на науките. Тој за Независимаја газета изјави дека „за Дутерте посетата не го демонстрира само новиот курс на Манила. Тоа ги засилува и неговите позиции во преговорите со главниот сојузник – САД“.

Перспективуте на руската политика кон Филипини се помагливи. Сепак има надеж да се развијат врски во воената сфера. Русија можеби ќе учествува во превооружувањето на филипинската армија. Ќе расте трговијата, се отвараат и можности за вклучување во проекти за изградба на инфаструктура. А главно е дека главни партнери на Москва во регионот стануваат Филипини – заедно со Виетнам и Камбоџа.

Григоиј Локшин, висок научен соработник во Институт за Далечниот исток при РАН, за нашиот весник истакна дека „ситуацијата во Југоситочна Азија станува се понејасна заради политиката на Трамп, чиј центар на тежина се измести во насока кон Североисточна Азија“. За Трамп, клучно е да се реши нуклеарниот проблем со Северна Кореја“.

Земјите од Југоисточна Азија по принуда маневрираат тргнувајќи еднаш кон Кина, а другпат кон Русија. Се мачат да им покажат на американсите: ако одите на тој начин, само ќе ни го видите грбот. А политиоката е таму каде ниту Виетнам, ниту пак Филипини воопшто не сакаат да застанат ниту на страната на Кина, ниту на страната на САД.

Посетата на Дутерте е составен дел од слични маневри.

Што се однесува до Русија, тоа е добро за нас. Немаме интерес земјите од Југописточна Азија да потпаднат под контрола на една или друга страна, резимира Локшин

Независимаја газета – Москва

Слични содржини