Многумина германски граѓани со странско потекло се непријателски расположени кон бегалците и новите мигранти. Притоа, голем број од нив и самите во Германија дошле како бегалци од земјите од бивша Југославија, пишува Дојче Веле.

0,,18696745_303,00

Бегалците и мигрантите против новите бегалци и мигранти – не е ништо ново, тврди бамбершкиот социолог Фридрих Хекман: „На крајот на краиштата, и мигрантите имаат предрасуди. Тие ги донесуваат со себе и овде натамошно ги развиваат. Тие имаат предрасури против други мигрантски групи и се разбира, предрасуди против мнозинското германско население.“

Професорот Хекман потсетува на бројните доселеници од бившите советски републики, кои на почетокот на 90-те години на минатиот век дојдоа во Германија. „И тие со себе донесоа многу силни, посебно предрасуди против муслиманите.“

Етаблираните доселеници често имаат чувство на нелагодност кога станува збор за нови доселеници. Тој феномен е познат и од САД, класична доселеничка држава, каде мнозинството дојденци редовно се спротиставува на ново доселување.

Во Германија на пример, Турците во 90-те години со злоба гледаа на новодојдените од источна Европа, поради наводното привилегирање на околу четирите милиони нови „советски“ жители на Германија. Турците се жалеа дека тие „за се‘ морале самите да се изборат како гастарбајтери“, а сега на „новите дојденци се‘ им се сервира на чинија“, дека им се нудат курсеви за интеграција, им се помага при барањето стан и без проблеми добиваат и германско државјанство.

Нова конкуренција

„На почетокот на 90-те години во Германија имавме голема мигрантска криза, која може да се спореди со сегашната. Во 1992 година регистриравме 1,5 милиони доселеници, имаше насилство против мигрантите, подметнување пожари во домовите со азиланти, имаше и мртви. Со време ситуацијата се смири, откако беа заострени правилата за добивање азил, со што беше редуцирана миграцијата,“ потсетува Хекман.

Во разговорот за Дојче веле тој истакнува дека причината за негативниот став на „старите“ кон „новите“ дојденци едноставно е – стравот. Страв од нова „конкуренција“, за она што „старите“ доселеници успеале да го изградат во новата татковина и страв дека „новите“ ќе станат нови миленици на Германците.

„Тоа е борба меѓу етаблираните и новите дојденци околу истите или слични ресурси, околу рабитните места и становите.“ Борбата се води и преку социјалните мрежи. Таму бегалците (често и од страна на бившите бегалци) паушално се нарекувани „мрзливци“, „силувачи“ и „паразити“.

Слични содржини