На два дена до крајот на изборната кампања денеска партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори продолжуваат со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во скопските општини Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинзи во Радовиш и во Струмица.

Изборниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, ќе одржи завршен предизборен митинг во населбата Аеродром на платото пред Бисер во  Скопје.

Централен собир во Скопје ќе одржи Алијансата на Албанците.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во општина Ѓорче Петров.

Слични содржини