Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала беше регистриран на грчкиот остров Крит, соопшти грчкиот Институт за геодинамика.

Земјотресот бил регистриран синоќа во 23 часот и 30 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.

Институтот соопшти дека подоцна во текот на ноќта бил забележан уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени.
Нема податоци за жртви или материјална штета.

Слични содржини