И вториот осомничен за нападите во Париз најверојатно влегол во Европа преку Грција, изјавија грчки владини извори.

2110931518

Ќе мора да се утврди дали евентуално откриените документи за идентификација и податоци за отпечатоци се совпаѓаат со оние на атентаторите, за да може да се каже дали тие поминале низ Грција, претставувајќи се како бегалци, или можеби ги купиле или украле пасошите по пат.

Претходно грчкото Министерство за внатрешни работи рече дека еден од осомничените за терористичките напади во Париз можно е да влегол во Европа како бегалец. Грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Тоскас изјави дека носителот на сирискиот пасош, кој е пронајден до трупот на еден од бомбашите, поминал низ Грција во октомври.

Според извор од грчката полиција носителот на пасошот бил млад маж, пристигнал на островот Лерос со брод од Турција заедно со група од 69 бегалци и отпечатоците му биле земени од грчките власти.
Тоскас рече дека не располага со информации дали пасошот бил проверуван во други држави, во кои носителот поминал на пат за Франција.2914EBB300000578-3097559-Migrants_Hundreds_of_men_women_and_children_make_their_way_to_te-a-1_1432660184302

По нападите во Париз неколку лидери во Европа побрзаа да побараат да се запре протокот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Африка.

Полска рече дека не може да прифати мигранти според квотите на ЕУ, без да има гаранции за безбедноста. Ако се покаже дека еден или повеќе од терористите дошле во Европа заедно со мигрантите, тоа може да ги промени политичките дебати за бегалците и пристапот кон нив.

Српски “Блиц” објави фотографија од пасошот на овој маж, за кого се смета дека влегол во Грција, но поминал и низ Македонија и Србија. Неговото име е Ахмед Алмохамед.

“Врз основа на овој пасош француските безбедносни служби побараа помош од своите колеги во Србија, бидејќи тие знаат дека нашите служби ги регистрираат сите кои влегуваат во Србија, и имаат најкомплетниот база на податоци за мигрантите од балканскиот правец”, пишува “Блиц” .
Откако влегол во Грција на 3 октомври, поминал низ Македонија и на 7 октомви влегол со група бегалци во Србија. ФРегистриран бил во градот Прешево и поднел барање за азил.
Тој ја поминал неопходната проверка и кај него немало оружје. Набргу потоа тој се префрлил во Хрватска, а оттаму во Австрија.

Сирискиот пасош, кој беше пронајден на едно од местата на терористичките напади во Париз, сепак може да се покаже како лажен, вели телевизијата Си-Би-Ес.

“Документот не содржи конкретни бројки, какви се користат во вистинските сириски пасоши”, тврди претставник на американското разузнавање, на кого се повикува медиумот.

Слични содржини