Двајца војници загинаа, а 24 други се повредени во самоубиствен бомбашки напад на курдските бунтовници во источна Турција , пренесува АП.

курд

Според официјалните информации, рано утринава борци на ПКК нападнале полициска станица во округот Агри со земјоделска машина, која била набиена со експлозиви.

Часови порано непознати лица нападнале  канцеларија на владејачката Партија на правдата и развојот во Дијарбекир со граната. Нема повредени.

Ова е уште една епизода од ескалацијата на насилството меѓу владините сили и курдските бунтовници, откако Турција од околу недела дена  врши речиси секој ден воздушни напади на бази на ПКК во северен Ирак, а бунтовниците напаѓаат силите за безбедност.

24 лица загинаа досега во резултат на обновените  насилства. Повеќето од нив се војници.

Слични содржини