116083
Две лица загинаа при уривање на мал авион во близина на спортскиот аеродром во хрватскиот град Дарувар.

Медиумите јавуваат дека авионот се урнал во шумата набрзо по полетувањето, по што се слушнале две експлозии.

Загинатите биле членови на аероклубот „Ждрал Дарувар“ на возраст од 27 и 57 години. Причината за несреќата не е позната.

Слични содржини