Двајца руски дипломати ќе бидат протерани од Естонија

од Vladimir Zorba

 

Генералниот конзул на Руската Федерација во естонскиот град Нарва, Дмитриј Казјонов и конзулот Андреј Сургаев ќе бидат протерани од Естонија, изјави портпаролката на естонското Министерство за надворешни работи, Сандра Камилова.

– Министерството за надворешни работи на Естонија може да потврди дека Казјонов и Сургаев ќе бидат протерани од Естонија, истакна Камилова, одбивајќи да ги соопшти причините за таквата одлука.

Извор од руското МНР нагласи дека оваа одлука на Естонија нема да остане неказнета.

– Тоа е уште еден непријателски и неоснован акт, кој нема да остане без одговор, изјави рускиот висок функционер.

Слични содржини