Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

од Vladimir Zorba

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“.

Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај оваа година, но поради политичката криза и блокадата на Собранието, изминаа сите уставни и законски рокови за нивно распишување.

Претседателот на СМК, Тодор Петров, вели дека на ваков чекор се решиле „во интерес на граѓаните“.

– Со иницијативата до Уставниот суд од 4 април, побарав поништување на членот 35, став 1 од Законот за локална самоуправа, кој зборува дека членовите на советите на општините се избираат за време од четири години – вели Петров.

Тој вели дека неговата иницијатива предвидува мандатите на функционерите во општините да се продолжат до крајот на оваа година, до кога би требало да се организираат и локалните избори.

Од Уставниот суд потврдиле дека ги примиле двете иницијативи, без да прецизираат кога тие би се нашле на седницата на судот./МЕТА

Слични содржини