На скромна свеченост во романската престолнина денеска во оперативна функција беа шуштени две командни структури на НАТО – Штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“ и „Центарот за интеграција на силите на НАТО“, информира ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „Диџи 24“.

download

Прво беше прогласена првичната подготвеност на Штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“, што целосно функционален ќе стане во април 2018 година, и конечната подготвеност на „Центарот за интеграција на силите на НАТО“, што ќе им се приклучи на петте аналогни структури во источното крило на НАТО – во Бугарија, Полска и трите балтички држави. Тие ќе бидат раководени од Здружената команда на НАТО во Неапол.

„Командните структури на НАТО во Букурешт играат важна улога во рамки на напорите за подобрување на способноста на Алијансата успешно да одговари на актуелните и идните предизвици“,  на церемонијата изјави романскиот претседател Клаус Јоханис.

„Тие ја олеснуваат дислокацијата на силите на Алијансата во регионот со цел колективна одбрана, осигурувајќи ја животно важната взаемна врска меѓу силите на НАТО и националните сили, вклучувајќи ги планирањето и спроведувањето на мултинационалните вежби и другите форми на заедничка подготовка“, додаде Јоханис./МИА

Слични содржини