Две лица повредени во судар на три возила во нас. Аеродром – Скопје

од Vladimir Zorba

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска на пладне се случи во Скопје.

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 12 и 05 часот на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Косифовски Питу“ меѓу три возила марка мерцедес, опел и пежо, сите со скопски регистарски ознаки.

Увидот е во тек, а од МВР наведуваат дека засега имаат информации за повредени две лица кои се префрлени на Ургентен центар./извор а1он

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Слични содржини