Две нови „Хари Потер“ книги излегуваат во октомври

од Vladimir Zorba

Весникот “Индипендент” објави дека две нови книги од серијалот “Хари Потер” ќе бидат објавени во октомври, по повод 20-годишнината од издавањето на првиот том за момчето волшебник. Нивното излегување ќе одговара токму со почетокот на специјалната изложба, која ќе се одржи во Британската библиотека меѓу октомври и февруари. Првата новоиздадена книга ќе носи наслов “Хари Потер: Историја на магијата – книгата на изложбата” и ќе е напишана од Џ.К. Роулинг, издавачката куќа “Блумсбери” и музеите од Британската библиотека. Преку неа фановите на Хари Потер – универзумот ќе можат да се потопат уште еднаш во волшебништвото изучувано во училиштето за магии “Хогвортс” и претстава на наставните предмети.

Второто дело, пак, ќе биде насловено “Хари Потер – Патување низ историјата на магијата” и ќе истражува одблизу мистични суштества, предмети и концепти како алхемија, еднорози, древни магеснишки ритуали. Ракописот ќе вклучува уште невидени досега скици и рачно напишани белешки од Роулинг, илустрации од Џим Кеј и артефакти, кои се запленети од архивите на Британската библиотека.

Локално потсетува дека порано оваа година издавачката куќа објави и четири нови изданија на фантастичната серија, секое едно од нив беше посветено одделно врз домовите во “Хогвортс” – “Грифиндор”, “Хафлпаф”, “Рејвенклоу” и “Слитерлин”.

Слични содржини