Две од жртвите на теророт во Лондон се Австралијци

од Vladimir Zorba

Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишoп соопшти дека двајца државјани на земјата се меѓу убиените за време на терористичкиот напад, кој се случи во саботата навечер во Лондон, пренесува AFP.

“Австралиската влада е длабоко ожалостена ида потврди дека двајца Австралијци беа убиени за време на терористичкиот напад во Лондон”, изјави Бишоп.

Во терористичкиот напад во Лондон беа убиени седум лица, а  се 48 повредени.

Слични содржини