Две жени го обвинија Трамп за сексуално малтретирање

од Vladimir Zorba

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп се соочува со нови обвиненија, овој пат за недолично однесување кон жени, за што за весникот „Њујорк тајмс“ сведочеа две жени.

3-10-fakti-za-bilionerot-donald-tramp-www-kafepauza-mk_
Скандалот доаѓа една недела откако во јавноста се појави снимка на која Трамп на вулгарен начин зборува за жените.

Наводите на двете жени, кои го обвинија Трамп за непримерно допирање, неговиот портпарол ги нарече измислици, но тоа би можело да и наштети на кампањата на Трамп, неколку недели во пресрет на претседателските избори, кои ќе се одржат на 8 ноември.

.Една од жените, Џесика Лидс, раскажала дека Трамп ја фатил за гради и се обидел да стави рака под нејзиното здолниште за време на авионски лет за Њујорк во 1980 година, додека другата жена, Рејчел Кроукс вели дека Трамп во 2005 година ја бакнал в уста кај лифтот во „Трамп тауер“ на Менхетан, каде работела како рецепционерка во фирма за недвижности.

Од изборниот штаб на Трамп ги отфрлија ваквите тврдења велејќи дека тоа е чиста фикција и оти „Њујорк тајмс“ објавил клевети кои добиваат особини на координиран атентат на Трамп./Мета
.

Слични содржини