Две жени се пожалија дека Доналд Трамп ги малтретирал сексуално

од desk3

Во САД продолжува компроматирачката војна меѓу кандидатите за претседател. Весникот “Њујорк тајмс” објави интервјуа со две жени, кои велат дека кандидатот на републиканците Доналд Трамп ги малтретирал сексуално.

2110988678

Џесика Лидс од Њујорк раскажува дека се сретнала со Трамп за време на патување со авион пред три децении. Според неа тој ја зграпчил и се обидел да и стави рака под здолништето .

Рејчел Крукс од Охајо признава дека се борела со милијардерот во облакодерот “Трамп Тауер” во 2005 година. Тогаш тој ја бакнал цитирам “директно во устата” против нејзина волја.

Трамп ги отфрли обвинувањата и изјави за “Њујорк тајмс” дека “овие работи воопшто не се случиле”.

Слични содржини