Двегодишно девојче од Бостон првпат излегува од болница (видео)

од desk2

Двегодишната Меј Козлов-Вогел сиот свој досегашен живот го минала во Детската болница во Бостон, САД, поради ретка болест на белите дробови, а периодов првпат виде како изгледа светот вон болницата.
– Кога ја напуштавме болницата Меј беше збунета, па мораше да праша: навистина може да излеземе надвор?!, раскажува Кортни Козлов, мајката на девојчето.


Интерстицијалната белодробна болест кај детето е дијагностицирана при нејзиното раѓање во 2016 година. Минатиот август состојбата и се влошила, па нејзините родители се согласиле на трансплантација на два бели дроба. Донорот се појавил уште наредниот месец, и по извесно време операцијата е успешно изведена, по што следела рехабилитација.

– Меј е пресреќна што е надвор, да се шлапка во вода… И, многу е зборлеста, и нема ништо поубаво од тоа да се чуе нејзиниот глас, вели нејзината „друга мајка“ Мора Вогел, која живее во истополова заедница со Козлов.

Слични содржини