Двејн Џонсон  ќе стане татко по трет пат

од desk4

 

Двејн Џонсон ќе стане татко по трет пат. Радосната вест 45-годишниот актер ја соопшти на својата страница на Instagram, каде што објави слика со својата мала ќерка Џасмин-Лија, која има 2 години.

“Нашата Џасмин сака да направи голема изјава – девојче е – напиша Двејн – Ние со Лорен сме бескрајно благодарни за овој благослов, ние со радост го чекаме доаѓањето на второто дете”.

На Божиќното дрво се гледа натпис: “Девојчеа е. Немам трпение да станам поголема Кака. На крајот ќе бидам голем шеф. ”

Актерот додал дека е многу среќен во друштво на неговата убава жена и појавувувањето на уште едно дете во неговиот живот што е апсолутно среќа.

Ова за него и за Лорен Хашијана е второ дете, но тој има уште една ќерка – 16-годишната Симона, која е од бракот со Дани Гарсија. Тие беа заедно 10 години, но исто така имаат заедничка продуцентска куќа.

Слични содржини