Двојки кои се сложуваат само во кревет: Најлоша комбинација – Скорпија и Овен

од desk2

 

Овие двојки имаат совршена компатибилна хемија во кревет. Но, што и да пробаат друго, е осудено на пропаст, па затоа откријте што вели хороскопот на тоа.

Лав и Овен

Овните обожаваат да испробуваат нови работи, а лавовите да угодувааѕ, па ова е совршен пар – но само во кревет. Двата знаци се напорни исакаат да го контролираат секое движење на партнерот, па никако не се сложуваат во врска.

Водолија и Риби

Ако толку се привлекувате меѓу себе, најдобро е да се договорите да се гледате само поради секс. Овие два знаци, се толку слични што се одлични само како пријатели и другарчиња за секс. Врската никако не би им функционирала.

Рак и Бик

Кога овие два имаат секс, тоа никако не е само сек, туку најнежно воење љубов што можете да го замислите. И повторно, никако нема да се сложуваат во врска затоа што се премногу емотивни, па доколку дозволат работите да заминат предалеку, нема добро да заврши по еден од нив.

Стрелец и Риби
Секс за една вечер меѓу овие двајца е идеален спој. Проблем настанува ако продолжат да се гледаат. Стрелецот сака внимание само за себе, сака да се движи, да истражува, а Рибата има други приоритети. Фантазира за љубов која Стрелецот не може да и ја овозможи.

Скорпија и Овен
Ова е најкатастрофалната комбинација во хороскопот. Тие се како две темпирани бомби. Сексот е одличен, врската ужасна.

Слични содржини