Двојни функции – ќе има ли разрешувања?

од desk4

Продолжува праксата исти луѓе од власта да се назначуваат на повеќе функции и со тоа, покрај платата добиваат и дополнителни надоместоци за членството во одборите каде се назначени, информира ТВ24.

И покрај рекациите на јавноста дека таквата пракса несмее да продолжи, сепак последен таков пример е случајот со Шовкет Хазари.

Хазари е државен советник за туризам во Министерството за економија, но доби уште една државна функција. Назначен е за претседател на управен одбор на Агенцијата за промоција и развој на туризмот. Хазари за телевизија 24 вели дека немало пречки да ги извршува двете функции истовремено.

„Сепак, ако се утврди дека има судир на интереси јас сум подготвен да се откажам од една функција.“ – ни рече Хазари.

Ова не е единствен случај на двојни функции, а Антикорупциската комисија веќе изрече јавни опомени за оние кај кои утврди судир на интереси. Веќе работат и на нови случаи, со оглед дека назначувањето и натаму продолжува, па може да се видат познати имиња, кои покрај тоа што се вработени во владата на различни позции, истите се стануваат и дел од одбори. Советникот на премиерот Маријан Забрчанец вели дека се прави анализа на состојбата.

„За сите што ќе се утврди дека има судир на интереси, при извршувањето на двојни или тројни функции Владата ќе донесе одлуки за нивно разрешување.“ – вели тој.

Засега Владата нема точна бројка кај колку функционери или вработени, се поклопуваат повеќе функции. А не се откриваат ниту месечните надоместоци кои ги добиваат членовите на одборите, бидејќи нив ги одредувала секоја институција одделно. Поранешните антикорупционери предупредуваат – Законот за спречување на судир на интереси – мора да се менува.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини